Анабел Гренџер се крие и бега откако помни за себе. Нејзиното детство е измешана матна бркотница од нови градови и лажни идентитети. Но од што – или поточно од кого – бега нејзиното семејство, таа не знае и никогаш не знаела. Сега од масовната гробница се вади тело, а околу неговиот врат виси синџирче со името на Анабел и опасноста е премногу блиску за човек да може да побегне од неа.
Па овој пат, таа нема намера да бега. Затоа што и така знае дека тој секако ќе ја најде.
Има само лимитиран број на опции: ова грозоморно дело може да е масло на некоја нова закана, имитатор на мртвиот психопат, некој кој учел од него – можеби еден вид на „наследник“ или нешто многу пострашно. Доџ знае дека единствениот начин да го најде е ако ја открие мистеријата за Анабел Гренџер, а за да го направи тоа мора да ги здружи силите со неговата поранешна девојка, партнерка и пријателка Ди Ди Ворен од полициската станица во Бостон. Но трагата води назад до една жена од минатото на Боби која би можела да биде исто толку опасна како и новиот убиец.
Морам да признаам дека книгата ми се допадна, можеби само за нијанса помалку од Јас те сакам повеќе, иако во оваа книга освен трилер елементите има и доза на романса. Автентично и во стил на Гарднер која секогаш знае да создаде силен женски лик, ова дефинитивно е книга која нема да ве разочара. Србите не ја издаваат Гарднер, наводно затоа што имала премногу американизиран стил, но јас слободно можам дека кажам дека таа ми е една од најомилените авторки на сите времиња. Мислам дека никој друг не може да создаде толку добар женски лик и толку добар пресврт како што може таа.
Што се случува кога повеќе нема никој кому можеме да му веруваме? Што правиме кога повеќе не останува место за криење? Ви ги препорачувам сите нејзините преведени книги од срце!