Showing all 2 results

Подреди:
  • Попуст!
    img-book

    KОЛКАВИ СЕ ШАНСИТЕ ДА ПРЕЖИВЕЕШ…

    Една грозоморна ноќ завршува со брутално убиено семејство. Мајката и трите деца се мртви, а таткото – и потенцијален осомничен – се бори за живот на одделот за интензивна нега.

    Случајот е навидум едноставен, тешката финансиска ситуација го натерала да си го поштеди семејството од беда пред да изврши самоубиство, но детективката Ди Ди Ворен знае дека ништо никогаш не е толку едноставно.

    Медицинската сестра Даниела Бартин има доживеано слична трагедија. Таа има преживеано за да раскажува како нејзиниот татко ѝ го сотрел целото семејство пред очи пред дваесет и пет години. Сега вработена во детска психијатриска болница, Даниела е сигурна дека минатото е одамна закопано. Сè додека прашањата на Ди Ди Ворен не почнат да ѝ враќаат сè.

    Викторија Оливер е посветена мајка, решена да го заштити својот син по секоја цена. Но, исто како и Даниела, таа наскоро ќе открие дека најужасните злосторства можат да бидат оние најблиските до домот.

    …ЗА ДА ГО РАСКАЖУВАШ ОНА ШТО ЌЕ ТИ СЕ СЛУЧИ?

    button-new

    5 out of 5
    Преживеј за да раскажуваш од: Лиса Гарднер 420 ден 290 ден

    КОЛКАВИ СЕ ШАНСИТЕ ДА ПРЕЖИВЕЕШ…

  • img-book

    Како една од главните колумнистки на Stilleto, Грејс Брајтон се има прославено предупредувајќи ги жените за расипани, неверни лажговци. Таа само никогаш не се посомневала дека и нејзиниот свршеник би можел да биде еден од нив.

    Џејк Мелоун сака да му се врати на својот стар авантуристички, спонтан живот и точно знае како да го изведе тоа. Во Oxford се отвора нова секција за патувања и Џејк – без жена, деца и подготвен да живее каде било – е совршен за работата… само што неговата репутација на плејбој не му влева многу доверба на неговиот шеф. За да ја добие работата, мора да се согласи на заедничкиот проект со Stilleto. Но по само еден состанок со неодоливата, дрска и сензационална Грејс Брајтон, Џејк почнува да ја сфаќа оваа задача многу посериозно.

    button-new

    5 out of 5
    Тој рече, таа рече од: Лорен Лејн 390 ден

    Како една од главните колумнистки на Stilleto, Грејс Брајтон се има прославено предупредувајќи ги жените за расипани, неверни лажговци. Таа само никогаш не се посомневала дека и нејзиниот свршеник би можел да биде еден од нив. По одморот за лечење на нејзиното повредено срце и гордост, нејзината прва задача е да излезе на неколку состаноци со колумнист од најпознатото списание за мажи во земјата, Oxford, и да пишува за впечатоците. И старата Грејс можеби веднаш ќе паднеше на шармот на нездраво згодниот колумнист, но Грејс 2.0 не сака ни да види маж во следните шест месеци.