• You cannot add "Го сакам Њујорк" to the cart because the product is out of stock.
  • img-book

    Натали Беноа оди на службено патување како новинарка, но патувањето се претвора во пекол во моментот кога мексикански картел ги убива речиси сите нејзини колеги во автобусот и ја зема неа како заложник.

    Пеколот на командирот Зак Мек Брајд почнува многу порано од оној на Натали односно во моментот кога неговата тајна мисија тргнува во погрешен правец и една жена го предава во рацете на крволочните убијци. Во истото дувло среде пустината, истите луѓе со денови го измачуваат Мек Брајд.

    За Натали – тој е само глас кој ќе прозбори од мракот од ќелијата до неа… и нејзина последна надеж за да остане жива. Една жена со силна волја за живот. Еден маж одлучен да ја врати дома жива макар и по цена на сопствениот живот. Едно бегство низ морничавата пустина. Една љубов која почнува да гори таму каде што има останато само пепел…

    button-new

    4.71 out of 5
    Точка на кулминација од: Памела Клер 390 ден

    Натали Беноа е новинарка во истражувачкиот тим (И-ТИМ) на еден престижен дневен весник. Таа е личност која, за девојка на нејзини години, има поминато навистина многу во животот. Нејзината судбина е толку мрачна и тажна што изгледа дури и неверојатно. И како да е малку сето она што го има преживеано, нејзиното службено патување на кое оди со група новинари се претвора во пекол во моментот кога мексикански картел ги убива речиси сите нејзини колеги во автобусот и ја зема неа како заложник. Една клаустрофобична девојка пикната во багажник како животно, а потоа затворена во напуштена куќа среде пустина во туѓа земја. Киднаперите, подивени членови на картел за дрога и оружје, се познати по силување и убивање на млади жени чии тела потоа ги фрлаат во пустината.

    Пеколот на командирот Зак Мек Брајд почнува многу порано од оној на Натали односно во моментот кога неговата тајна мисија тргнува во погрешен правец и една жена го предава во рацете на крволочните убијци. Во истото дувло среде пустината, истите луѓе со денови го измачуваат Мек Брајд.

    Но потребно е многу повеќе од електрични шокови, неколку скорпии и тарантули за да се скрши човекот кој има преживеано вистински пекол. Тој е маршал, тој е бивши војник, синоним за храброст, добитник на орден за воени заслуги. За Натали – тој е само глас кој ќе прозбори од мракот од ќелијата до неа… и нејзина последна надеж за да остане жива.

    Една жена со силна волја за живот. Еден маж одлучен да ја врати дома жива макар и по цена на сопствениот живот. Едно бегство низ морничавата пустина. Една љубов која почнува да гори таму каде што има останато само пепел… Памела Клер меѓу своите фанови е позната по тоа што има способност навистина да ги оживее ликовите, таа знае со зборови да ве натера да ги почувствувате нивните болки, нивните стравови, нивната страст. Токму тоа го прави и во оваа книга.

    Неизвесен трилер, жестока акција, бурна авантура, напната романса и уникатна смисла за хумор сплетена во најсериозните моменти – доколку го сакате сето тоа во едно, тогаш обидете се со оваа книга! И за крај – само уште мојот омилен цитат од книгата:

    „Ако ти умреш, ангелу – тоа значи дека јас сум веќе мртов…“

  • img-book

    Како една од главните колумнистки на Stilleto, Грејс Брајтон се има прославено предупредувајќи ги жените за расипани, неверни лажговци. Таа само никогаш не се посомневала дека и нејзиниот свршеник би можел да биде еден од нив.

    Џејк Мелоун сака да му се врати на својот стар авантуристички, спонтан живот и точно знае како да го изведе тоа. Во Oxford се отвора нова секција за патувања и Џејк – без жена, деца и подготвен да живее каде било – е совршен за работата… само што неговата репутација на плејбој не му влева многу доверба на неговиот шеф. За да ја добие работата, мора да се согласи на заедничкиот проект со Stilleto. Но по само еден состанок со неодоливата, дрска и сензационална Грејс Брајтон, Џејк почнува да ја сфаќа оваа задача многу посериозно.

    button-new

    5 out of 5
    Тој рече, таа рече од: Лорен Лејн 390 ден

    Сè уште нема. Проверете повторно за некое време.

  • img-book

    САМОУВЕРЕНА. БЕЗОБРАЗНА. НЕПОБЕДЛИВА…
    Пејтон Кендал: феминистка до коска која дава сè од себе за да успее во професијата во која доминираат мажи. Осум години, ден и ноќ, работни денови и викенди, без одмори и паузи, таа има само една цел пред себе – да биде унапредена во партнер.

    АМБИЦИОЗЕН. НАДМЕН. ЗГОДЕН КАКО ЃАВОЛ…
    Џеј Ди Џејмисон: богато семејство, гламурозен стил на живот, амбициозен и професионален, најдобар во својата работа. Осум години, ден и ноќ, работни денови и викенди, без одмори и паузи, тој има само две цели пред себе – да биде унапреден во партнер… и да ја игнорира Пејтон. Осум години глума и цивилно однесување кога тие двајцата се наоѓаат во присуство на други луѓе. Осум години омраза и војна додека се наоѓаат зад затворени врати иако двајцата знаат дека има две партнерски позиции и нема потреба од војна.

    И одеднаш, пресврт! Доаѓа известувањето дека нема две туку само една позиција за унапредување!

    Па, нека победи подобриот!

    button-new

    5 out of 5
    Нека победи подобриот од: Џули Џејмс 390 ден

    Дарси е слатка триесетгодишна девојка, згодна до болка од моментот на нејзиното раѓање, па дури и во нејзините триесетти години. Таа отсекогаш можела да се потпира на неколку работи. Нејзината исклучителна убавина и шарм. Нејзиниот свршеник, Декс. Нејзината најдобра пријателка од детството, Рејчел. Никогаш не ѝ требало ништо друго, никогаш не било важно ништо друго. Ма какви правила, каква карма.

    Но, затоа нејзината пријателка од раното детство, Рејчел, е сè она што Дарси не е. Таа е интелигентна, повеќе загрижена за светот во кој живее отколку за нејзиниот изглед… и таа е онаа на која Дарси секогаш ѝ се обраќа кога ѝ е потребен совет. Тие две, иако карактерно спротивни, функционираат заедно цели 25 години…

    И сè е идеално во нивниот однос… сè додека… сè додека Дарси не дознае дека нејзиниот вереник ја изневерува. И она што е шокантно е дека, прво, сето тоа го дознава на само неколку недели пред големата фенси свадба која ја планираше; и второ (мислам пошокантно) дознава дека нејзиниот вереник ја изневерува со нејзината најдобра другарка – Рејчел?

    button-new

    5 out of 5
    Нешто сино од: Емили Гифин 390 ден

    Дарси е слатка триесетгодишна девојка, згодна до болка од моментот на нејзиното раѓање, па дури и во нејзините триесетти години. Таа отсекогаш можела да се потпира на неколку работи. Нејзината исклучителна убавина и шарм. Нејзиниот свршеник, Декс. Нејзината најдобра пријателка од детството, Рејчел. Никогаш не ѝ требало ништо друго, никогаш не било важно ништо друго. Ма какви правила, каква карма.

    Добро, малку е површна, не велам глупава, но таа навистина не сака да се оптоварува со големи или хумани каузи, со проблемите како кризата на блискиот исток или сите тие комплицирани и крвопролевачки настани кои ги следиме на телевизија. Не би можело да се каже дека е дури и засегната со економијата или политиката – едноставно не гледа поента во размислување за тоа.

    Но, затоа нејзината пријателка од раното детство, Рејчел, е сè она што Дарси не е. Таа е интелигентна, повеќе загрижена за светот во кој живее отколку за нејзиниот изглед… и таа е онаа на која Дарси секогаш ѝ се обраќа кога ѝ е потребен совет. Тие две, иако карактерно спротивни, продолжуваат да функционираат заедно цели 25 години… Дарси живеејќи ултра забавен живот преполн со воодушевувања на новиот моден тренд и попусти низ трговските центри, а Рејчел со нејзините цврсти ставови и мудрост дури нереални за нејзините години.

    И сè е идеално во нивниот однос… сè додека… сè додека Дарси не дознае дека нејзиниот вереник ја изневерува. И она што е шокантно е дека, прво, сето тоа го дознава на само неколку недели пред големата фенси свадба која ја планираше; и второ (мислам пошокантно) дознава дека нејзиниот вереник ја изневерува со нејзината најдобра другарка – Рејчел?

  • img-book

    Хит Шампион има поминато голем и мачен пат за да се издигне на врвот, почнувајќи од бедното детство во приколка со татко пијаница. Најдобриот и најуспешниот спортски агент во градот не се срами од своето минато, напротив, тој се гордее и сега го бара врвниот симбол на своите достигнувања – совршената сопруга. Но тој е богат, амбициозен и прекрасен – зошто има потреба од стројник? Затоа што Питонот нема време за губење и нема трпение за будали.

    На Анабел ѝ е смачено да биде единствениот губитник во нејзиното семејство на банкари и хирурзи, па навистина се надева дека среќата конечно ќе ѝ се насмевне кога го презема стројничкиот бизнис на својата баба.

    button-new

    5 out of 5
    Совршено несовршен пар од: Сузан Е. Филипс 390 ден

    Хит Шампион има поминато голем и мачен пат за да се издигне на врвот, почнувајќи од бедното детство во приколка со татко пијаница. Најдобриот и најуспешниот спортски агент во градот не се срами од своето минато, напротив, тој се гордее и сега го бара врвниот симбол на своите достигнувања – совршената сопруга. Но тој е богат, амбициозен и прекрасен – зошто има потреба од стројник? Затоа што Питонот нема време за губење и нема трпение за будали.

    На Анабел ѝ е смачено да биде единствениот губитник во нејзиното семејство на банкари и хирурзи, па навистина се надева дека среќата конечно ќе ѝ се насмевне кога го презема стројничкиот бизнис на својата баба. Да, таа веднаш сфаќа дека потпишувањето договор со најпосакуваниот ерген во градот би било вистинско бинго, па затоа е решена да му ја најде совршената жена по секоја цена.

    Но работите полека почнуваат да се комплицираат кога неодоливиот шарм на Хит почнува да влијае и на Анабел. Таа не е никаков кандидат за совршена сопруга, таа е подвижна катастрофа. А озлогласениот Питон малку по малку почнува да се прашува: Колку поточно совршена мора да биде совршената жена?

  • img-book

    Џесика Бим е девојка која знае да се забавува. Само што во последно време заборава да се појави на работа навреме. Или во чисти алишта. Кога на нејзината најдобра пријателка и шефица конечно ѝ доаѓа преку глава, Џесика одеднаш останува без работа и без дом, па нема друг избор, освен да ја побара својата баба, која никогаш ја нема запознаено. Но ни на Матилда Бим не ѝ оди којзнае колку добро. Нејзините бестселери од времето кои ги учеле жените како да освојат маж на старомоден начин се потполно непрактични во ова модерно време и никој не сака да ги издаде за да ја извлече од тешките финансиски проблеми.

    Кога една издавачка куќа од Лондон им дава идеја, внуката и бабата добиваа шанса да си обезбедат покрив над главите со тоа што ќе ја трансформираат модерната и бунтовна Џес во вистинска старомодна дама со помош на првокласните совети и искуство на Матилда.

    button-new

    5 out of 5
    Старомодниот водич за љубов и романса од: Кирсти Гринвуд 390 ден

    Џесика Бим е девојка која знае да се забавува. Само што во последно време заборава да се појави на работа навреме. Или во чисти алишта. Кога на нејзината најдобра пријателка и шефица конечно ѝ доаѓа преку глава, Џесика одеднаш останува без работа и без дом, па нема друг избор, освен да ја побара својата баба, која никогаш ја нема запознаено.

    Но ни на Матилда Бим не ѝ оди којзнае колку добро. Нејзините бестселери од времето кои ги учеле жените како да освојат маж на старомоден начин се потполно непрактични во ова модерно време и никој не сака да ги издаде за да ја извлече од тешките финансиски проблеми.

    Кога една издавачка куќа од Лондон им дава идеја, внуката и бабата добиваа шанса да си обезбедат покрив над главите со тоа што ќе ја трансформираат модерната и бунтовна Џес во вистинска старомодна дама со помош на првокласните совети и искуство на Матилда.

    Вистинскиот тест на оваа трансформација е освојувањето на срцето на озлогласениот женкар Лео Фрост, со што Џес би докажала дека книгите водичи на Матилда сè уште вредат и дека со нивна помош, секоја жена може да пронајде совршен маж. Проектот ќе бара голема посветеност, челични нерви и еден страшно шпицест старовремски градник…

  • img-book

    Да претпоставиме дека сте на свадбата на вашата најдобра пријателка. Деверица, во преубав тесен фустан за кој сте се мачеле како грешен ѓавол да ослабнете и со преубав пар Кристијан Лубутон на нозете. Се радувате за вашата пријателка, погледнувате во својот свршенички прстен и се надевате дека на вашето момче во скоро време ќе му текне да го одреди вашиот датум, се надевате дека вие сте следни на списокот. И тогаш прекрасниот Лубутон почнува вечерта да ви ја прави пекол, нозете ве болат и одите до колата за да ги земете вашите удобни, рамни чевли… А таму?! Таму вашето момче, со испотено лице и пантолони спуштени до земја. Под него, некоја евтина девојка која ужива на задното седиште од вашиот заеднички автомобил!!!

    Светот се руши, ви доаѓа да му ги забодете штиклите во празната глава и да врескате на цел глас! ИЛИ… едноставно да побегнете, да, таму каде што не е Марк, таму каде што не е евтината блудница, таму каде што ги нема „пријателите“ кои ве гледале во очи и ве лажеле, таму каде што секој има шанса да стане некој нов – ЊУЈОРК!

    Запознајте ја Анџела Кларк! Новата и помлада Кинсела!

    button-new

    5 out of 5
    Го сакам Њујорк од: Линдзи Келк 390 ден

    Да претпоставиме дека сте на свадбата на вашата најдобра пријателка.

    Деверица, во преубав тесен фустан за кој сте се мачеле како грешен ѓавол да ослабнете и со преубав пар Кристијан Лубутон на нозете. Се радувате за вашата пријателка, погледнувате во својот свршенички прстен и се надевате дека на вашето момче во скоро време ќе му текне да го одреди вашиот датум, се надевате дека вие сте следни на списокот.

    И тогаш прекрасниот Лубутон почнува вечерта да ви ја прави пекол, нозете ве болат и одите до колата за да ги земете вашите удобни, рамни чевли… А таму?! Таму вашето момче, со испотено лице и пантолони спуштени до земја. Под него, некоја евтина девојка која ужива на задното седиште од вашиот заеднички автомобил!!!

    Она што требаше да биде семеен автомобил за вас двајца и вашите деца!

    Светот се руши, ви доаѓа да му ги забодете штиклите во празната глава и да врескате на цел глас! ИЛИ… едноставно да побегнете, да, таму каде што не е Марк, таму каде што не е евтината блудница, таму каде што ги нема „пријателите“ кои ве гледале во очи и ве лажеле, таму каде што секој има шанса да стане некој нов – ЊУЈОРК! Има ли подобро место на целиот свет?! И тоа едноставно се случува… Анџела скокнува на првиот лет за земја во која луѓето разбираат англиски и едноставно бега!Не знае што ја чека, не е свесна што прави, единствено нешто што знае е дека не може да остане повеќе таму. Ах да, и пред да побегне, во бес и паника, не сакајќи му го крши прстот на младоженецот или можеби цела рака… Но кој може да ја обвини?!

    Запознајте ја Анџела Кларк! Девојка која учи повторно да го живее животот, да стане некој нов. Девојката која последните 10 години од животот ги поминала само со еден човек, а сега наеднаш таа флертува, излегува со други луѓе и повторно се заљубува иако мисли дека тоа е невозможно! Воедно, запознајте ја Линдзи Келк, нова, но исклучително забавна и талентирана авторка! „Го сакам…“ треската на Линдзи веќе зафати многу земји од светот, а сега доаѓа и кај нас. Тоа е новата и помлада Кинсела!

  • img-book

    Она што се случува во Вегас, останува во Вегас…

    Анџела Кларк го обожава својот живот како Британка во Њујорк. За жал, таа од неодамна е Британка во Њујорк која ја губи работата, а со тоа и својата работна виза. Кога имиграционото биро ја известува дека таа има еден месец за да ја напушти земјата (и тоа токму пред Божиќ), таа очајно се фрла на кроење планови за да најде начин да остане во Њујорк. Но триесет дена се малку за човек да најде работа. Или да се омажи… Особено кога таа е убедена дека Алекс, нејзиното момче, нема да биде импресиониран од идејата да се ожени за виза.

    Кога купот грижи станува неподнослив, Џени, откачената најдобра пријателка на Анџела, ја изненадува со прекрасен божиќен подарок за релаксација. Викенд во Вегас! Има ли подобар начин за опуштање од гламурозни клубови, коктели, дизајнерска облека и ноќи полни со забава?
    Но дали е вистина дека она што се случува во Вегас останува во Вегас или и тоа се враќа дома со тебе и ти го превртува животот наопаку?

    button-new

    5 out of 5
    Го сакам Вегас од: Линдзи Келк 380 ден

    Она што се случува во Вегас, останува во Вегас…

    Анџела Кларк го обожава својот живот како Британка во Њујорк. За жал, таа од неодамна е Британка во Њујорк која ја губи работата, а со тоа и својата работна виза. Кога имиграционото биро ја известува дека таа има еден месец за да ја напушти земјата (и тоа токму пред Божиќ), таа очајно се фрла на кроење планови за да најде начин да остане во Њујорк. Но триесет дена се малку за човек да најде работа. Или да се омажи… Особено кога таа е убедена дека Алекс, нејзиното момче, нема да биде импресиониран од идејата да се ожени за виза.

    Кога купот грижи станува неподнослив, Џени, откачената најдобра пријателка на Анџела, ја изненадува со прекрасен божиќен подарок за релаксација. Викенд во Вегас! Има ли подобар начин за опуштање од гламурозни клубови, коктели, дизајнерска облека и ноќи полни со забава? Но дали е вистина дека она што се случува во Вегас останува во Вегас или и тоа се враќа дома со тебе и ти го превртува животот наопаку?

    „Претпоследниот дел од серијалот Го сакам… е подеднакво топол, смешен и забавен како и првите три дела – тој просто ве скокотка однатре и ве остава нетрпеливи за последниот дел од книгата: Го сакам Лондон.“

  • img-book

    Што би правел без тебе, Луси Браун?“ рече и ме бакна нежно. Го држев неговото лице и го бакнав и јас. Имав чувство дека животот не може да биде посовршен. И бев во право, немаше да биде. До крајот на следниот ден, ќе бидам мртва…

    Луси Браун е на прагот на исполнувањето на својот сон. Треба да се омажи со човекот на нејзиниот живот: прекрасниот, згодниот, забавниот Ден… Тие се совршен пар кој не може да дочека остатокот од животот да го помине заедно. Но, судбината на Луси е поинаква. Таа не ја дочекува свадбата бидејќи ден пред неа умира додека се обидува да го најде идеалниот подарок за Ден.

    Но чекајте, Луси има избор пред ескалаторот на Рајот. Да, таа може да одбере… Дали сака да оди во рајот и вечно да остане таму… или… сака да се врати на земјата како дух за да биде покрај својата сродна душа? Иако изборот е тежок, па што може проклетиот дух да прави на земјата, не може да живее како човек, Луси сепак одлучува дека не смее да замине пред да се увери дека Ден е добро и пред да му каже дека го сака… Одлуката е донесена, РАЈОТ МОЖЕ ДА ПОЧЕКА!

    button-new

    5 out of 5
    Рајот може да почека од: Кели Тејлор 360 ден

    „Што би правел без тебе, Луси Браун?“ рече и ме бакна нежно. Го држев неговото лице и го бакнав и јас. Имав чувство дека животот не може да биде посовршен. И бев во право, немаше да биде. До крајот на следниот ден, ќе бидам мртва…

    Луси Браун е на прагот на исполнувањето на својот сон. Треба да се омажи со човекот на нејзиниот живот: прекрасниот, згодниот, забавниот Ден… Тие се совршен пар кој не може да дочека остатокот од животот да го помине заедно. Но, судбината на Луси е поинаква. Таа не ја дочекува свадбата бидејќи ден пред неа умира додека се обидува да го најде идеалниот подарок за Ден. Она што најмногу ја мачи е тоа што пред да умре, таа беше лута и кога тој рече Те сакам, Луси Браун… таа не рече ништо! Уште несвесна за она што се случува, Луси се буди во предворјето – заглавена на пат помеѓу земјата и рајот. Не, ова не смееше да ѝ се случи! Па утре требаше да биде најсреќниот ден во нејзиниот живот. Таа не бараше премногу од проклетиот живот, таа бараше само да биде со човекот што го љуби и Господ реши дека на тоа треба да му се стави крај. И како да не е доволно лошо што е мртва, зарем мораше да умре без да му каже дека и таа го сака?!