Showing all 2 results

Подреди:
  • img-book

    Шенон Меклауд бега од своето минато и нема доверба во никого. Таа отсекогаш била позната по бирањето погрешни мажи, по влегувањето од една токсична врска во друга, но последниот бивши ја освестил на најлошиот можен начин. Па со тотално уништен живот, си се заколнува дека ќе се држи на растојание од мажите, а особено од оние лошите момци.

    Кол Вокер е баш од оние типови што Шенон сака да ги избегнува – прекрасен, згоден, тетовиран, шармантен и арогантен. Но неговата груба надворешност крие добар човек кој е подготвен да ја најде Вистинската. Тој е решен да ја извлече Шенон од нејзината самотија и да го освои нејзиното срце. Кога тој конечно полека почнува да ја стекнува нејзината доверба, минатото се враќа да ја прогонува и нејзините стравови ја уништуваат довербата што Кол ја има изградено меѓу нив. Тоа минато и тие стравови се закануваат да ги разделат засекогаш.

    На улица Шкотска од: Саманта Јанг 390 ден

    Шенон Меклауд бега од своето минато и нема доверба во никого. Таа отсекогаш била позната по бирањето погрешни мажи, по влегувањето од една токсична врска во друга, но последниот бивши ја освестил на најлошиот можен начин. Па со тотално уништен живот, си се заколнува дека ќе се држи на растојание од мажите, а особено од оние лошите момци.

    Кол Вокер е баш од оние типови што Шенон сака да ги избегнува – прекрасен, згоден, тетовиран, шармантен и арогантен. Но неговата груба надворешност крие добар човек кој е подготвен да ја најде Вистинската. Тој е решен да ја извлече Шенон од нејзината самотија и да го освои нејзиното срце.

    Кога тој конечно полека почнува да ја стекнува нејзината доверба, минатото се враќа да ја прогонува и нејзините стравови ја уништуваат довербата што Кол ја има изградено меѓу нив.

    Тоа минато и тие стравови се закануваат да ги разделат засекогаш.

  • img-book

    На последната средба на Хана Николс со Марко Д’Алесандро пред долги пет години, тој ѝ го крши срцето. Лошото момче со скриена мила страна во себе е единствениот тип што Хана некогаш го сакала – и единствениот маж со кој некогаш била. По една страсна ноќ кога тој не успева да ѝ одолее, Марко одеднаш заминува од Шкотска, оставајќи ја Хана без збор. Скршена од последиците од нивната заедничка ноќ, Хана никогаш не успева потполно да го заборави, да му прости за тоа што ѝ го направил и да продолжи понатаму со својот живот.

    Марко знае дека тоа што ја оставил Хана му била најголемата грешка во животот и со години се кае за тоа, па кога судбината конечно повторно ги спојува, одбива да се откаже од неа без борба. Решен да ја освои, се обидува да ја потсети на сите причини поради кои треба да бидат заедно. Но баш кога помислуваат дека можеби сепак можат да имаат иднина заедно, Хана открива нешто што ја ослободува тајната болка што ја крие од него – тајна што може да ги раздели пред да добијат шанса да почнат одново.

    5 out of 5
    Улица Индија од: Саманта Јанг 390 ден

    Авторката на бестселерот На улица Даблин се враќа со емотивна приказна за простување, заборавање на минатото и лекција како да научиш да веруваш во иднина.