Бараме книжар/ка за книжарница Сакам Книги
На 23/05/2019 | 1 Коментари

Бараме книжар/ка за книжарница Сакам Книги. Нудиме флексибилна работа во секогаш весел и позитивен тим, во средина во која можете многу да научите за издаваштвото; средина во која ќе бидете постојано опкружени со книги и ќе можете да уживате во читањето во секој слободен момент. Предност имаат кандидатите кои имаат искуство со работа во книжарница или воопшто во издавачката сфера. Идеалниот кандидат треба:

  1. Да ги сака книгите и читањето; да е генерално запознаен со актуелната понуда на книги на пазарот.
  2. Да е комуникативна и љубезна личност што сака да разговара за книги и да им дава препораки на купувачите.
  3. Да има прочитано барем дел од изданијата на Сакам Книги.
  4. Да дава идеи за новитети во продажбата, без разлика дали се тоа книги кои не се преведени на македонски или интересни акции и слично.
  5. Да знае да работи на компјутер, бидејќи ќе биде обучен за користење на нашиот систем за продажба.

Обврски во работата:

  1. Продажба и работа на каса со нашиот систем за продажба.
  2. Следење на залиха во малопродажба и правење нарачки од магацин (материјално работење).
  3. Следење на нови наслови на други издавачи со кои соработува Сакам Книги (на нивните сајтови и ФБ страници) и изготвување нарачки за истите за потребите на книжарницата.
  4. Внесување документација во систем и учествување во пописите на книжарницата.

Вашите апликации со CV испратете ги на contact@sakamknigi.mk и кажете ни зошто би сакале да работите во Сакам Книги, во кој дел од описот за идеалниот кандидат се пронаоѓате вие.

Книжарницата Сакам Книги се наоѓа во Центар, на ул. Васил Главинов – веднаш до Сквиз ми и Custom Pub. Работното време е од 09.00 до 21.00 часот, во две смени и сабота до 17.00 часот (со наизменична работа преку една сабота).

Коментари1
Sonja Напишано 24/11/2022 во1:27 pm   Reply

Gi sakam knigite! Srekna sum koga sum opkruzena so niv.Ja sakam ovaa rabota . Odnapred Vi blagodaram.

Напиши коментар