Прв чекор: Избери ги производите што сакаш да ги нарачаш
До секој производ има копче „Купи“ – кликни на него и производот автоматски ќе биде додаден во твојата кошничка.
Во кошничката можеш да додаваш неограничен број на производи, како и да ги бришеш производите што ги имаш додадено. На ист начин во кошничката може да се додадат и прозводите од листата на посакувани (Wishlist). Во секој момент, во горниот десен агол на екранот можеш да видиш колку производи имаш во кошничката и која е нивната вкупна вредност.
Кога ќе ги одбереш сите книги што сакаш да ги нарачаш, притисни на кошничката горе или на копчето „ПРОДОЛЖИ КОН КАСА“ и премини на вториот чекор од процесот.
Втор чекор: Прегледување на кошничката
Откако ќе ги избереш производите што сакаш да ги нарачаш и ќе притиснеш на кошничката, се префрлаш во корисничката кошничка. Во неа се прикажани производите што ги нарачуваш, количините (кои можеш да ги смениш во секој момент) и вкупната вредност на нарачката.
Во долниот дел од кошничката се наоѓа поле каде може да го внесеш твојот купон за попуст, доколку имаш. Повеќе за купоните за попуст може да прочиташ горе во соодветниот таб.
Доколку сакаш да ја дополниш нарачката со уште некој производ, притисни на копчето „ПРОДОЛЖИ ДА РАЗГЛЕДУВАШ“ што се наоѓа во горниот десен агол од потрошувачката кошничка.
Овде исто така треба да го селектираш и методот на испорака, доколку имаш нарачка над 1200 денари. Ако нарачката е помала, по автоматизам се селектира методот на стандардна испорака. Повеќе за испораката може да прочиташ во следниот соодветен таб горе.
За да продолжиш кон третиот чекор од процесот на нарачка, притисни на копчето „ПРОДОЛЖИ КОН КАСА“ што се наоѓа во долниот дел од потрошувачката кошничка.