Најнови статии

  • Урбани Херои
    Урбани Херои Читајќи ја Урбани Херои од Драган Таневски, во една работа бев повеќе од сигурна, а тоа е дека македонската литература била доста сиромашна сè до сега. Драган Таневски - ново име во македонската литература, нова ѕвезда-талент која допрва треба да…
    Коментирај Повеќе
  • Бакнеж на полноќ - Елојза Џејмс
    Бакнеж на полноќ - Елојза Џејмс По смртта на нејзината мајка, Катарина (Кејт) Далтри во рок од две недели добива маќеа и полу сестра. Нејзиниот татко се жени со Маријана која ја доведува и нејзината преубава ќерка Викторија да живее со нив во куќата Јароу. За…
    Коментирај Повеќе
  • На улица Даблин - Саманта Јанг
    На улица Даблин - Саманта Јанг Оваа книга ја споредуваат со Педесет нијанси на сиво, но јас веднаш би сакала да истакнам дека На улица Даблин не е Педесет нијанси на сиво или Соголена пред тебе. На крај ќе објаснам и зошто... Сè што сака таа…
    Коментирај Повеќе

Награди и подароци

Диво месо - Горан Стефановски

Автор 
Оцена
(103 оцени)

Диво месо

Една од главните причини на човековата неволја е лажното сфаќање дека човек може со насилство да поправи и да влијае на животот на друг човек. И овде не станува збор само за физичко насилство, туку и наметнувањето на својата волја на другите е насилство. А пак да си наметнуваш самиот на себе нешто што не го сакаш е врв на насилството. Сите ние во текот на животот сме изложени на различни тортури, некои пак се принудени да прават нешто цел живот против својата волја и да го трпат тоа насилство додека се живи, па и да го прифатат како судбина. Но прашањето е дали треба да се прифати насилството, како сила против која не можеме да сториме ништо или пак, да најдеме начин да се бориме против него и да го победиме? Токму тоа прашање е разработено во драмата "Диво месо" на Горан Стефановски.

Во оваа драма сите ликови се изложени на различен вид на насилство и секој од нив различно се бори. Но главните одговори на насилството се: помирување и негово прифаќање, бунтување и физичка борба, како и умствена борба, преку свои планови и фантазија да се победи.

Па затоа не случајно во драмата како главни ликови ни се претставени тројца браќа, Андреја, Симон и Стево. Најстариот брат е Андреја врз кој се врши идеолошко насилство, кој има комунистички идеали. Симон е оној кој го трпи насилството и наместо да се бори, гледа како да избега од реалноста, а средниот брат е Стево, кој Горан Стефановски не случајно го зема како среден по години. Тој се наоѓа некаде на средината помеѓу овие двајца, го трпи насилството на инфериорност и сака да изгради кариера и стекне некоја значајна функција. Како ќе се одвива нивната борба, кој е правилниот начин и дали воопшто постои правилен начин???? Но сепак, правдата не може да се добие ниту со плачење, ниту со молитва, туку единствено со борба.

Да егзистираш значи да се бориш!!!!

напишете коментар (Ве молиме пишувајте на кирилица)

Остави коментар како гостин

0
условите.
Вчитај претходни коментари
  • Го обожавам Горан Стефановски!!!

    0 Like
  • Генијален ум, филозофија која те остава без здив, ти го стоплува срцето,ти ја облагородува душата, ти ја ежи кожата, те вивнува во незамисливи височини каде сепак така искрено и чисто се соочуваш со вистината...за животот, за светот, за идентитетот...
    СЕКОЈА ЧЕСТ ГОРАН!!!

    0 Like
  • Драмата ја немам се уште прочитано, но во најскоро време ќе го сторам тоа бидејќи ќе ми биде потребна за матура. Симона супер статија и поздравввввввв

    0 Like
  • Фала за поздравот Александар, голем, најголем поздрав и до тебе ;)!!! Да ја прочиташ драмата секако и да не ви е за матура :), бидејќи е опфатена тема која е значајна за оформувањето во една здрава личност на секоја индивидуа и издигнување на свеста на човекот!!!

    0 Like
  • Најпрвин Симона да те пофалам за твојата досетливоста и за прекрасниот подарок што им го достави на РОДЕНДЕНОТ НА САКАМ КНИГИ, само од сликите го видов бидејќи поради оправдани причини не дојдов. Па, доколку дојдам накај Штип, бидејќи татко ми е од тој крај би сакала да се запознаеме секако доколку и ти си во можност?! А, и доколку идаш во Охрид набрзо драго ќе ми е да се запознаеме. Мојот маил секако го имаш и можем да ми пишиш во секое време. И секако, супер статија ќе заборавев да напишам :)). Поздрав и секако искористи го денов максимум :))

    0 Like
  • *ќе заборавев твојата креативност да ја споменам :))

    0 Like
  • Фала ти многу Александра за убавите зборови, ми го разубави денот :) :*. Инаку јас сум ЗА средба во секое време. На роденденот запознав прекрасни луѓе и со душа чекам да ги запознам сите од нашиов мил и најсакан сајт. Така што пред да доаѓаш наваму пиши ми на меил simona-ragazza@hotmail.com да се договориме што, како, каде и се гледаме ОБАВЕЗНО, ќе си правиме муабет, пастрамајлии :))) (да не им правиме лиги на другите, а да и СИТЕ сте поканети и добредојдени во Штип). Поздрав и се гледаме!!!

    0 Like
  • Симона, пред се секој збор што го напишав е вистинито :)). Ок, чим идам секако благовремено ќе те известам преку маил. Поздрав и секако во блиска иднина се гледаме :))

    0 Like
  • Единственото дело кое го имам прочитано од Горан Стефановски и кое ми остави многу голем и добар впечаток. Драма исполнета со трагизмот во кој тоне не само семејството Андреевиќ, туку и сите ние низ нашево реално, сурово секојдневие.

    Но, и покрај дивото месо во грлото кое го чувствував читајќи ги репликите од главните ликови, сепак во дадени моменти, иронијата прикажана на еден доста саркастично - комедичен начин правеше да се насмеам (макар и под мустаќи).

    Навистина станува збор за дело кое се чита брзо и кое може да ти подари едно бурно и исполнето со различни емоции, попладне. Вреди да се прочита!

    0 Like
  • Морам да корегирам: драмата не зборува за насилство и видови насилство.

    Самиот наслов на текстот објраснува (оркако истиот ќе биде прочитан) за што станува збор: Дивото месо е метафора за ширењето на фашизмот низ Европа и неговото стигнување и во Македонија преку фигурата на германецот Клаус. Ако не се лажам, Марија, жената на Димитрие е онаа која го предвидува доаѓањето на „Дивото месо“ раскажувајќи едно суеверие за тоа што е диво месо: израсток кој се шири и гуши... Исто како што фашизмот се шири и гуши, исто како што доаѓањето на странец во нивното семејство доаѓа и „ги гуши сите“.

    0 Like

Авторски Права

Сите права врз содржините на веб страната се задржани од страна на издавачката куќа САКАМ КНИГИ. 



Ниту еден дел од содржините не смее да се презема без писмена согласност на Сакам Книги.

Контактирајте нѐ

Вашето мислење ни е важно!

Можете да ни пишете порака преку нашата контакт страна . Со оглед на големиот број мејлови кои ги добиваме секој ден, се извинуваме ако не успееме да одговориме на сите.


contact@sakamknigi.mk
ivana@sakamknigi.mk

Тука Сме

сакам новости

Пријавете се доколку сакате да добивате новости за попусти и интересни настани!

Follow us on Twitter