Најнови статии

  • Мрачни места - Џилијан Флин
    Мрачни места - Џилијан Флин „Имам некоја злоба во мене, вистинска и реална како орган. Исечи ми го стомакот и можеби ќе излезе, месеста и темна, ќе се лизне и ќе падне на подот за да можеш да ја згазнеш. До крвта на семејството Деј…
    Коментирај Повеќе
  • Љубовникот на куртизаната - Габриела Ким
    Љубовникот на куртизаната - Габриела Ким Кога еден од нејзините поголеми покровители, коњичкиот капетан во Кралскиот Полк Кристофоро, гроф Ди Беневенто заминува, најпознатата и најпрекрасната од сите куртизани во Неапол мора да прифати друг покровител кој ќе може да се грижи за неа и за нејзините…
    Коментирај Повеќе
  • Животот е на друго место - Милан Кундера
    Животот е на друго место - Милан Кундера Прв роман на Милан Кундера кој сакал да го нарече Лирска доба како синоним за младоста, а токму овој роман е епопеја на младоста, поезијата и револуцијата. “Животот е секогаш онаму каде ти не си.” – се спомнува на едно…
    Коментирај Повеќе

Награди и подароци

Марта - Горјан Петревски

Автор 
Оцена
(923 оцени)

Марта - Горјан Петрески

Нашиот живот е миговна игра, игра во која ние сме показателите на патот. Но какви и да сме, не мораме никому и со ништо да покажуваме кои сме. Тие сме што сме, совршен израз на единството на животот. Талкајќи по среќата, се сопнуваме на места навидум лесни за помин, а всушност тешки за совладување. Вистинскиот приказ на животот можеме да го видиме токму во овој роман. Роман кој е огледало во кое секој од нас се гледа, се препознава.

Марта. Која е таа Марта? Израз на детско срце со премногу болка во својата душа, премногу мечти и тага за такво девојче со анѓелско лице. Срце во кое за секој има место, срце на кое не му е потребно ништо друго, освен татковска љубов за да биде цело.

Таа е девојче во кое има надеж, девојче кое знае што е добро а што не, но девојче кое од преголема желба се заплеткува во стапицата од животот. Како брод кој е среде морската шир, изгубен во целата таа еднолична глетка, така и Марта ќе го изгуби својот правец, ќе ја изгуби насоката по која треба да се движи.

Изгубена во своите чувства не ќе може да сфати што прави и дали е тоа она вистинското. Испреплетена во пајаковата мрежа на животот, таа се бара себеси и својот живот во животот на другите. Можеби овој роман е дел од програмата по македонски јазик за седмо одделение, но ниту малку не е роман кој покажува несериозност, лежерност...

Напротив, тоа е роман кој има своја длабочина, онаа која е осудена да ги чека своите нуркачи, оние кои ќе го пронајдат најскапоцениот бисер, меѓу купот школки.

напишете коментар (Ве молиме пишувајте на кирилица)

Остави коментар како гостин

0
условите.
Вчитај претходни коментари
  • ... ќе признаам дека се разнежив уште со самиот наслов, без да ја прочитам содржината на статијата - ми се допаѓа начинот на кој си ја доживеала Марта, тој кутар македонски примерок на адолесцент во женска варијанта: со искуство на мудра старица, со надеж на невино дете.
    Дури и сега, после 7-8 откако ја прочитав, со истата насмевка и истото сочувство се сеќавам на нивната атмосфера, Let it be, let it be... :))
    И радо би ја прочитала пак (секако ми следува со близнаците дома ;)).

    0 Like
  • Да, Ива, книгата има извонредна убавина... Онаа која не граничи ниту со времето ниту со просторот... Токму затоа и ја напишав статијата, иако ми е прочитана од пред 5 години... Но, дефинитивно заслужува свое место на овој сајт :)

    0 Like
  • Горјан Петрески е мојот омилен автор кој ме враќа во детството.Горјан Петрески ми ја даде љубовта кон книгата, мојата прва прочитана книга Споменка и после неа Марта.
    Сите негови книги сеуште ги читам со ист интерес и уживање.
    Ви Благодарам од срце за се Господине Петрески !

    0 Like
  • Во право си Ангелина, тешко кој не го сака Горјан Петревски. Секој од неговите романи се одликува со пристојно средена содржина, а притоа и голема реалност за да би ги навел читателите да посакаат уште некој збор повеќе од таквата слаткоречивост.

    0 Like
  • Прекрасна книга, ме потсети на неколку години наназад додека бев основно. Горјан Петревски ми беше омилен писател тогаш и исто како и на Ангелина ми ја даде љубовта кон пишаниот збор. Фала што ме потсети на една од омилените книги додека бев помала :)))

    0 Like
  • Мислам дека детството е едно од нашите најубави периоди, ако не и најубав... Па сеќавањата на него се секојпат добредојдени. А кој, не го променил своето размислување тогаш за било што, од кога ќе прочитал некоја книга од Горјан Петревски? Ете и јас како вас двете, Ангелина и Моника, се заљубив во книгите и почнав интензивно да ги читам, после ова а и другите дела од овој писател :))

    0 Like
  • Ubedlivo najdobrata kniga sto sum ja procital vo site 8 oddelenija. G. Petrevski vo najsajno izdanie. Proverete i sami:))

    0 Like
  • Imam cest da ucam so najmalata kerka na Gorjan Petrevski. Preku nea mozev da gi procitam skoro site negovi knigi... Toj e Eden i Edinstven!!!

    0 Like
  • Навистина тоа е чест. Е, сега ти завидувам :)) Се сложувам дека со тебе дека е ЕДЕН И ЕДИНСТВЕН!!!! Прими голем поздрав :))

    0 Like
  • Ане и јас по малку ти се придружувам со зависта:D :))). Се разбира дека тој е неповторлив. Неговите дела засекогаш ќе останат длабоко во мене. Пoздрав:)))

    0 Like

Авторски Права

Сите права врз содржините на веб страната се задржани од страна на издавачката куќа САКАМ КНИГИ. 



Ниту еден дел од содржините не смее да се презема без писмена согласност на Сакам Книги.

Контактирајте нѐ

Вашето мислење ни е важно!

Можете да ни пишете порака преку нашата контакт страна или да нѐ контактирате телефонски на 070/326-403 доколку повеќе ви одговара. Со оглед на големиот број мејлови кои ги добиваме секој ден, се извинуваме ако не успееме да одговориме на сите.


contact@sakamknigi.mk
ivana@sakamknigi.mk

Тука Сме

сакам новости

Пријавете се доколку сакате да добивате новости за попусти и интересни настани!

Follow us on Twitter