Хит трилер: Убави девојки
На 11/10/2016 | 1 Коментари

Убави девојки на Карин Слотер е еден од најдобрите и најпопуларните трилери ширум светот во 2015 година. Сега доби и македонски превод.

13

Сестри. Претворени во странци. Борци.

Пред повеќе од дваесет години, сестрата на Клер и Лидија, тогаш тинејџерка, исчезнува без трага. Двете жени си немаат прозборено оттогаш и сега нивните животи не може да се поразлични. Клер е сакана жена на милионер. Лидија е самохрана мајка која едвај крпи крај со крај. Но ни едната ни другата си немаат дојдено на себе од трагедијата што им ги има уништено животите. И горката рана повторно се отвора кога сопругот на Клер трагично загинува.

Исчезнување на тинејџерка пред дваесет години и убиство на средовечен маж сега по четврт век – што би можело да ги поврзува? Обединувајќи се претпазливо, двете преживеани сестри почнуваат да копаат низ минатото со цел да ја откријат вистината и откопуваат тајни што го имаат уништено нивното семејство, но воедно и неочекувана шанса за ладна одмазда.

Моќен, заразен психолошки трилер со страшни ликови и незаборавни пресврти. Убави девојки е мајсторско дело на една од најдобрите авторки на трилери на денешницата.

Книгата може да ја купите во сите поголеми книжарници со кои соработуваме.

Коментари1
ana_janevska_455 Напишано 16/11/2016 во2:06 pm   Одговори

Едвај чекам да ја прочитам!

Напиши коментар